Почитувани граѓани,
Општина Брвеница ги известува граѓаните дека кај одредени домаќинства е забележано зголемување на износот на данокот на имот во однос на претходните години.
Причината за ова е примената на новиот систем за евиденција, при што податоците за недвижностите се преземаат директно од Агенцијата за катастар на недвижности. Со новиот начин на евидентирање, покрај објектите (куќи, станови и други градби), во пресметката се опфатени и дворните места/земјиштето кое е заведено во катастарските податоци.
Целта на оваа промена е воспоставување на точна и целосна евиденција на недвижниот имот, согласно официјалните катастарски податоци.
Ги информираме граѓаните дека доколку сметаат дека постои несогласување или неточност во податоците, можат да се обратат до Општина Брвеница – Одделението за даноци и такси, каде ќе им биде овозможено дополнително појаснување и проверка на податоците.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.
Општина Брвеница







