Почитувани граѓани,
Со големо задоволство ве информираме дека од денес, официјалната веб-страница на Општина Брвеница е со нов и модерен дизајн. Овој проект е реализиран во соработка со Мисијата на ОБСЕ, како дел од нашата заедничка посветеност за зголемување на транспарентноста и подобрување на комуникацијата со граѓаните.
Новата страница е изработена со цел да го олесни пристапот до институционалните информации и општинските услуги, нудејќи пофункционална и побрза платформа. Овој редизајн е значаен чекор кон модернизација на нашата администрација и обезбедување поефикасни услуги за сите жители на општината.



