СООПШТЕНИЕ

​ ​Општина Брвеница ја известува јавноста дека денес, на ден 13.07.2026 година, Советот на Општина Брвеница одржа вонредна седница на која беа донесени клучни одлуки за понатамошното функционирање на институцијата, по прераното заминување од животот на починатиот градоначалник Јовица Илиевски. ​Во согласност со член 54 став 1 точка 2 и став 5 од Законот за…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

  Се известуваат жителите на улицата “Браќа Стефановиќ” во с.Брвеница дека денес (Петок 03.07.2026 година) ќе започнуваат градежните активности за реконструкција на улицата. Граѓаните се замолуваат да користат алтернативни патишта и да покажат разбирање и трпение, со цел градежните активности да се одвиваат непречено и да завршат во предвидениот рок. Благодариме за соработката!  

ПРОГЛАСЕНИ ДЕНОВИ НА ЖАЛОСТ ВО ОПШТИНА БРВЕНИЦА

Општина Брвеница со длабоко жалење и неизмерна тага ја информира јавноста за прераната смрт на нашиот почитуван градоначалник. Неговото заминување претставува ненадомелив загуба за целата локална заедница, на која и посвети години неуморна работа и заложби. Во знак на почит кон неговиот лик и дело, Општина Брвеница прогласува три денови на жалост, почнувајќи од денес.…

ЖАЛНА ВЕСТ

Општина Брвеница ги известува граѓаните дека погребот на градоначалникот Јовица Илиевски ќе се одржи на 24.06.2026 година (среда) во 13:00 часот на гробиштата во с. Челопек. Опелото и изразувањето сочувство ќе се одржат во црквата „Св. Богородица“ од 11:00 до 13:00 часот. Општина Брвеница

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА “БРАЌА СТЕФАНОВИЌ”

Почитувани граѓани,   Ве известуваме дека од утре 24.06.2026, започнуваат градежните активности за реконструкција на улицата „Браќа Стефановиќ“ во Брвеница во вкупна должина од 450 метри.   Со реализацијата на овој проект ќе се подобрат условите за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, како и квалитетот на локалната патна инфраструктура. За време на изведувањето на…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани, Ве известуваме дека општина Брвеница ги изготви Решенијата за данок на имот и комунална такса за даночните обврзници во територијата на општина Брвеница за 2026год. Истите ќе Ви бидат доставени на вашата адреса регистрирана на базата на системот за даноци преку Македонска Пошта на Република Северна Македонија и лично на рака од страна на…

ЛАНСИРАНА Е НОВАТА ВЕБ-СТРАНИЦА НА ОПШТИНА БРВЕНИЦА!

Почитувани граѓани, Со големо задоволство ве информираме дека од денес, официјалната веб-страница на Општина Брвеница е со нов и модерен дизајн. Овој проект е реализиран во соработка со Мисијата на ОБСЕ, како дел од нашата заедничка посветеност за зголемување на транспарентноста и подобрување на комуникацијата со граѓаните. Новата страница е изработена со цел да го…

ИЗВЕСТУВАЊЕ: ПОСЛЕДЕН ПОВИК ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОК НА ИМОТ И КОМУНАЛНА ТАКСА ПРЕД ПРИСИЛНА НАПЛАТА

Се известуваат граѓаните на Општина Брвеница дека ова е последен повик за да ги подмират долговите во однос на Данок на имот и Комунална такса пред извршување на присилна наплата. Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги подмириле своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се…

Буџетски форум со граѓаните

Денес, во село Челопек, се одржа Буџетски форум со граѓаните, во рамки на процесот на подготовка на Буџетот на Општината за 2026 година. Форумот претставуваше можност за отворена дискусија помеѓу граѓаните и општинските претставници, со цел директно вклучување на јавноста во утврдувањето на буџетските приоритети. За време на дискусијата, најголем акцент беше ставен на локалните…